Фондот за иновации и технолошки развој го објави четвртиот јавен повик за поддршка на предлог проекти

 

Фондот за иновации и технолошки развој го објави четвртиот јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансирање за инструментите:

1.Инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“

2.Инструментот за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иноваци

 

1. Инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ има за цел да го поттикне нивото на иновативност кај новооснованите претпријатија преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности на истражување и развој. Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна комерцијална амбиција. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.

Јавниот повик се однесува на кофинансирање најмногу до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатите 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) – „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.

 

2.Инструментот за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации има за цел да поттикне зголемување на истражувањето и развојот во приватниот сектор, да ја охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научни установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се до пред комерцијална (предпазарна) фаза.

Јавниот повик се однесува на кофинансирање најмногу до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 100.000 (сто илјади) евра. Преостанатите 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија што сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие или установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност.

 

Повикот е отворен до 03.05.2017. Повеќе информации на следниот линк.

Категории

Последни Новости