Јавен оглас до работодавачи (микро и мали правни субјекти)

аврм

 

 

Во рамките на програмата – Поддршка за брзорастечки фирми – Газели ќе се доделуваат неповратни средства (грант) за набавка на опрема на брзорастечките микро и мали правни субјекти, со цел отворање на нови работни места, поддршка на работодавачите кои имаат висок потенцијал за раст и поттикнување на иновативноста кај истите.

Условите кои треба да ги исполнуваат работодавачите за учество во програмата се следните:

  1. Да бидат регистрирани заклучно со 31.12.2012 година;
  2. Да ги имаат измирено сите обврски по основа на даноци и придонеси;
  3. Да имаат остварено добивка последователно за 2013, 2014 и 2015 година;
  4. Да го немаат намалено бројот на вработени лица во последните шест месеци пред поднесувањето на апликацијата;
  5. Да бидат производно или услужно ориентирани.

Финансиската поддршка од оваа активна програма е во вкупен износ од 615.000,00 денари по работодавач за набавка на опрема, која не може да се отуѓи најмалку 3 години од склучување на договорот. Набавената опрема работодавачот ќе ја докаже со приложување фактура. Работодавачот има обврска да вработи уште најмалку 3 лица и истите да ги задржи во работен однос или да го зголеми бројот на нововработени лица во периодот од 3 години.

Повеќе информации на следниот линк.

Апликациски формулар

Категории

Последни Новости