Јавен оглас до невработените млади лица до 29 години

аврм

 

Агенцијата за вработување на Република Македонија во соработка со УНДП,  на 19.09.2017 година објави јавен оглас за невработени млади лица до 29 години. Право на учество во новата програма за Старт-ап бизниси имаат сите евидентирани невработени млади лица на возраст до 29 години кои имаат интерес да основаат бизнис.

Финансиската поддршка преку Програмата Старт-ап бизниси за млади опфаќа обезбедување на:

  • Експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис,ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизниситево висина од 17.940,00денари;
  • Неповратни средства (грант) во износ од 307.500 денари по корисник за основање на сопствена фирма. Доколку се одобрува основање на партнерска фирма – ДОО во сопственост на 2 лица – корисници на оваа програма, на секој содружник ќе му биде одобрен грант во износ од 307.500 денари со што вкупната сума на грантот што ќе биде одобрен на фирмата ќе изнесува 615.000 денари. 80% од грантот ќе бидат доделени во форма на опрема и материјали, додека останатите 20% од грантот ќе бидат наменети за подршка на финансирањето на деловните активности на новооснованата фирма во период од една година по регистрацијата на бизнисот.
  • 120.000 денари за советодавна и менторска поддршка
  • финансиска поддршка за дополнително вработено лице во вид на опрема и/или материјали во износ од 92.000,00 денари (153.750,00 МКД доколку се вработи младо лице на возраст до 29 години) за најмногу 20 бизниси кои ќе се регистрираат како ДООЕЛ или ТП.

Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до крајот на тековната година (31.12.2017), односно се до исполнување на предвидениот број на кандидати.

Сите заинтересирани можат да се добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3298-297 и веб страните www.avrm.gov.mkиwww.rabotaimoznosti.mk.

Категории

Последни Новости