ЈАВЕН ОГЛАС за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства за 2017 година

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Министерството за економија со цел стимулирање на користењето на сончева енергија во РМ, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација) кои ќе ги купат и вградат во своите домови по денот на објавување на овој оглас заклучно со 31 август 2017 година, ќе им обезбеди поврат на дел од средствата кои ги потрошиле за обезбедување на сончеви термални колекторски системи до 30% но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност, под услов купувачот да го нема искористено правото на поврат на дел од средстватаза ваков систем во својот дом врз основа на претходните јавни огласи.

Јавното извлекување ќе се одржи на 22 септември 2017 година во Скопје, за што дополнително ќе следуваат информации. Едно лице може да поднесе само едно барање за надоместок.

Повеќе информации и документи за аплицирање на следниот линк. 

Категории

Последни Новости