ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2019 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) објави јавен повик за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следната мерка:

Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:  65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 ноември 2019 година

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува: 16.569.471,00 евра или во денарска противвредност 1.018.926.365,00 денари.

Повеќе информации за повикот  на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости