ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следните мерки:

1. Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од: 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 09 февруари 2019 година.

НАПОМЕНА: НАБАВКА НА ТРАКТОР НЕ Е ПРИФАТЛИВ ТРОШОК ВО ОВОЈ ЈАВЕН ПОВИК!

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости