Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доставувања на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година за мерка 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 600.000 денари по поединечен корисник. Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци  предвидени со програмата. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат  на годишно ниво  во најмногу три рати. Краен рок за доставување на барања е 19.10.2018 година.

Повеќе информации на страната на АФПЗРР на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости