Јавен повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта „Предизвик за млади истражувачи #4 – ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ”

FITR-MKD-Full-White-1980x715

 

Фондот за иновации и технолошки развој на 17.03.2021  година објави Јавен повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта „Предизвик за млади истражувачи #4 – ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ”

Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Целта е да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели.

Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување.  Резултатите од истражувачкиот проект треба да бидат применливи во зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот.

Времетраењето на истражувачкиот проект не треба да надминува 12 (дванаесет) месеци.

Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 3.000.000 (три милиони) денари.

Ќе бидат доделени награди во вид на грант во две категории:

  • Категорија 1: Истражувачки проекти во основното образование
  • Категорија 2: Истражувачки проекти во средното образование

Буџетот на поединечен предлог проект може да биде минимум 100.000 (сто илјади) денари и не може да надминува 200.000 (двесте илјади) денари.

Повикот се однесува на сите основни и средни училишта и за сите креативни ученички и ученици со желба да истражуваат и кои имаат особен интерес во зачувување и унапредување на животната средина.

Пријавувањето на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи трае до 20.04.2021 година заклучно со 23.59 часот.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) Ве повикуваат да учествувате на новиот Предизвик за млади истражувачи 4 – ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ“.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости