ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации

 

Фондот за иновации и технолошки развој го објави вториот повик од Планот за економски раст на Владата (ПЕР), за ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации. Повикот е наменет за сите микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) со доминантна домашна сопственост кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес.

Јавниот повик се однесува на кофинансирање на предлог проекти до максимален износ на финансиска поддршка од страна на Фондот до 325.000,00 (три стотини дваесет и пет илјади) евра при што зависно од големината на правното лице апликант максималниот износ на процентот на кофинансирање од страна на Фондот е:

  • 70% (седумдесет проценти) за микро и мали правни лица;  и
  • 60% (шеесет проценти) за правни лица со средна големина

Прифатливи активности за финансирање се:

  • активности за истражување и развој;
  • активности за тестирање;
  • активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост;
  • дизајн;
  • развој на пилот линии;
  • активности поврзани со обезбедување квалитет; и
  • активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот).
    Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 15.05.2019 година, до 23:59 часот.

Повеќе информации за повикот, на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости