Јавен повик за финансирање на проекти преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“

 

Фондот за иновации и технолошки развој на 22.10.2018 година објави Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“.

Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со солидно очекување за комерцијализација. Со јавниот повик е предвидено ко-финансирање најмногу до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатите 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.

За таа цел, Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Пелагосникиот плански регион, во соработка со  Фондот за иновации и технолошки развој и други локални партнери, на 31.10.2018 година организира инфо ден за сите заинтересирани страни кои сакаат да добијат дополнителни информации за овој повик. Настанот ќе се одржи во Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола со почеток од 11:30 часот.

Повеќе информации за јавниот повик на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости