ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за основање на 1 нов технолошки парк

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објавува јавен повик за финансиска поддршка за основање на 1 технолошки парк, во рамките на универзитетите во Република Македонија и тоа 75% од потребните средства но не повеќе од 1.500.000 денари.

Право на учество имаат сите универзитети регистрирани во РМ кои ги исполнуваат следните услови:
-во рамките на универзитетот да постојат факултети од областа на техничките науки, технолошките науки и информатичките науки
-да располага со простор за технолошкиот парк од минимум 100 квадратни метри.

Барањата за кофинансирање на проекти со комплетна документација се доставуваат до архива на Министерство за економија, заклучно со 31.08.2018.

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости