ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост COVID 19 периодот

 

Министерството за економија објави јавен повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост COVID 19 периодот. Предмет на повикот е доделување на финансиска поддршка за деловните субјекти со цел да се стабилизира и обнови нивната деловна активност, преку реализација на инвестициски проект во текот и во пост-ковид периодот за период од месец март 2020 до декември 2021 година.

Висината на поддршката изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план, во зависност од големината и обртот на деловниот субјект.

Краен рок за аплицирање е до 31.07.2020 година.

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости