Јавен повик за кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото во Република Македонија
Предмет на јавниот повик е кофинансирање на проекти на фондации и здруженија на граѓани кои се однесуваат на развој и поддршка на МСП како и проекти за промоција на претприемништвото во Република Македонија, односно финансиска поддршка на проекти за:
- Промоција и обуки за алтернативни извори на финансирање на МСП
- Промоција и обуки за социјално претприемништво
- Промоција, обуки и форуми за женско претприемништво
- Б2Б средби
- Вмрежување и
- Промотивни активности (организирање на саеми и манифестации)
Право на учество имаат Фондации и здруженија на граѓани регистрирани според Законот за здруженија и фондации.
Барања за кофинансирање на проекти со комплетна документација се доставуваат до Архива на Министерство за економија, ул.Јуриј Гагарин бр.15, Скопје, заклучно со 09.08.2016 г.
Повеќе информации на следниот линк.