ЈАВЕН ПОВИК За кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото

мин економија

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, Министерството за економија објавува јавен повик за кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото, за кофинансирање на проекти на фондации и здруженија на граѓани за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото.
Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година дел II област А. Поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија и занаетчиство за: Мерка 1.2. Кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото предвидени се средства во износ од 4.500.000,00 денари. Финансиската поддршка се однесува на кофинансирање на 75% од трошоците за реализација на проектни активности поврзани со некој од долунаведените приоритети, но не повеќе од 450.000,00 денари по проект:

Приоритети:

Ø Креирање на поволно деловно опкружување и јакнење на инфраструктурата за поддршка на развојот на МСП и претприемништво;

Ø Унапредување на продуктивноста и конкурентноста на МСП;

Ø Поддршка и развој на женското претприемништво и

Ø Јакнење на капацитетите на МСП за полесен пристап до капитал.

Право на учество имаат сите активни фондации и здружениjа на граѓани формирани со цел развој, поддршка и промоција на претприемништвото и конкурентноста на МСП регистрирани според Законот за здруженија и фондации, стопански комори и организации на работодавачи, активни најмалку една година пред објавување на јавниот повик (упис во Централниот регистар на РСМ) и кои имаат најмалку 1 ( еден ) вработен на неопределено полно работно време.

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости