ЈАВЕН ПОВИК за поддршка на патенти

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Министерството за економија во рамките на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година објави јавен повик за поддршка на патенти во вкупен износ од 300.000 денари. Предмет на мерката е надоместување на трошоците на иноваторите во износ од 75% од докажаните трошоци, но не повеќе од 75.000 денари поединечно за секој барател за следните активности:

1.1 Истражување на пазарот за комерцијализација на патенти
1.2 Трошоци за учество на домашни и меѓународни настани за иновации
1.3 Трошоци за аплицирање за испитување на патенти во меѓународни организации

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.

Ознаки:

Категории

Последни Новости