ЈАВЕН ПОВИК за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар

 

Врз основа на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, Министерството за економија објави јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачката индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар.

Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците во висина до 75% од докажаните трошоци , не повеќе од 300.000 денари по барател. Вкупна вредност на повикот е 2.500.000 денари. Право на учество имаат деловните субјекти за вршење на производствени дејности во рамки на секторот на Преработувачка индустрија.

Краен рок на доставување на барања 31.08.2019 година.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости