Јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар

 

Предмет на Јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловен субјект, за развој на производ и развој на пазар за кои се предвидени вкупно 900.000,00 денари за следните активности:

1.1.1 Изработка на нови организациони модели врз основа на ИКТ;

1.1.2 Изработка на техничка документација за нов производ односно за подобрување на постојниот производ;

1.1.3 Изработка на идејно решение и/или печатење на: нова амбалажа, етикетирање, лого на производ и промотивни печатени материјали;

1.1.4 Изработка на студии за истражување на пазарот и/или маркетинг стратегија и/или активности за развој на бренд;

1.1.5 Изработка на проекти за енергетска ефикасност и/или воведување на стандард за енергетски менаџмент ISO 50001 и

1.1.6 Изработка на проекти за зголемување на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста.

Министерството за економија го надоместува делот на трошоците во висина од 75% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 180.000,00 денари поединечно за секој барател. Износот на делот на трошоците на барателот кои ги надоместува Министерството за економија ќе се зголеми за процентот на учеството на државната помош за регионален развој на соодветниот регион на кој припаѓа барателот, согласно член 3 од Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеноста за периодот 2013-2017 („Службен весник на РМ“ бр 88/2013)

Право на учество на јавниот повик имаат деловните субјекти за вршење на производствени дејности во рамки на секторот Преработувачка индустрија, согласно Национална класификација на дејности рев 2 (Службен весник на Република Македонија бр.147/2008 и 4/2013), со претежна дејност/главна приходна шифра во секторот Преработувачка индустрија, без оглед на големината на деловниот субјект.

Еден барател може да поднесе само една пријава и барање (и тоа само за една активност). Барањето за аплицирање, образецот за изјава за доделена државна помош и упатството за подготвување на извештај за реализираниот проект со индикатори за успешност се достапни на ВЕБ страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk и www.konkurentnost.mk или може да се подигнат од архивата на Министерството за економија. (обрасци 1 и 1.1 ПКИП 2016 Б. ИП и Упатство).

Категории

Последни Новости