ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени
Министерството за економија во рамките на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година објави јавен повик за субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени. Предмет на јавниот повик е субвенционирање на претпријатија во сопственост (над 50%) и управувани од жени преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци но не повеќе од 120.000 денари, за следните намени:
-Набавка на опрема и алати
-Уредување/подобрување на деловниот простор
-Изработка на визуелен идентитет на производот / услугата
Кофинасирани ќе бидат само докажаните трошоци за предвидени намени настанати во 2016 и 2017 година.
Краен рок за аплицирање е до 29.09.2017 година.
Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.