ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на занаетчии

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Министерството за економија во рамките на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година објави јавен повик за субвенционирање на занаетчии.

Предмет на јавниот повик е субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност преку кофинансирање до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000 денари направени на следните намени:

-набавка на опрема и алати
-уредување и подобрување на деловен простор
-изработка на визуелен идентитет на производ / услуга
-дизајн на производ
-надоместување на трошоци за здобивање на Мастерска титула
-стручно оспособување на занаетчии

Кофинасирани ќе бидат само докажаните трошоци за предвидени намени настанати во 2016 и 2017 година.

Краен рок за аплицирање е до 29.09.2017 година.

Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости