Јавен повик за субвенционирање на занаетчии

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година, Министерството за економија објавува јавен повик за субвенционирање на занаетчии, преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000 денари, направени за следните намени:

-набавка на опрема и алати;
-уредување и подобрување на деловен простор;
-изработка на визуелен идентитет на производот/услугата (веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал);
-дизајн на производ;
-надоместување на трошоци за здобивање на мајсторска титула;
-стручно оспособување на занаетчиите;

Повеќе информации за јавниот повик, на следниот линк.

За аплицирање на оваа програма, можете да ги користите услугите на Бизнис Центарот во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола.

Ознаки:

Категории

Последни Новости