МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА “Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот плански регион” и Б2Б СРЕДБИ на компании од регионите на Пелагонија и Измир

 

Од 26-ти до 27-ми октомври 2016 година во Битола се одржа Меѓународна конференција “Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот плански регион”и Б2Б средби на компании од регионите на Пелагонија и Измир, организирана од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, преку формираната Интегрирана мрежа за регионален развој и Бизнис центарот кој фунционира во рамките на институцијата. Овој настан претставува проект финансиски и технички поддржан од Министерството за локална самоуправа, УНДП, како и општините во Пелагонискиот регион.

На оваа меѓународна конференција учество зедоја 30 претставници од компании од различни сектори и комори од регионот на Измир, со цел остварување на деловна соработка со компании од нашиот регион како и да разгледување на можностите за инвестирање во индустриските зони и други слободни локации во регионот. Со цел што подетално претставување на регионот пред гостите и потенцијални инвеститори, покрај самата конференција и директните бизнис средби, беше организирана теренска посета низ неколку општини во регионот, посета на нивните индустриски зони и средби со компании извозно ориентирани со цел размена на искуства за водење на бизнис во Пелагонискиот регион.

Официјалниот дел на конференцијата беше одржан на 26-ти октомври во Хотел Епинал во Битола, на кој учествуваа вискоки претставници од донаторите на проектот и клучните засегнати страни, вклучувајќи ги г-ѓа Луиза Винтон Амбасадор на УНДП во РМ, г-ѓа Ширет Елези Министер за локална самоуправа, г-дин Џери Наумоф Министер за странски инвестиции, градоначалниците од Пелагонискиот регион, претставници од ЦРППР како организатори на настанот и околу 200 претставници од компании, од единиците на локална самоуправа, регионалните стопански комори, образовни институции и организации кои работат на поддршка на приватниот сектор во Пелагонискиот регион. Целта на овој настан беше пред присутните да се претстават можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион за домашните и странски потенцијални инвеститори, како во индустриските зони така и во другите слободни локации во општините, и секако да се зајакне соработка помеѓу бизнис секторот од двата региони со фокус на извоз на македонските производи во Турција.

Пред присутните низ неколку презентации беше претставен регионот на Измир и неговите економски карактеристики, потоа Водичот за инвестиции со збирка на индустриски зони во Пелагонискиот регион, подготвените проекти кои општините во Пелагонискиот регион ги имаат за приватни инвеститори, како и претставување на карактеристики и спецификите на бизнис секторот од Пелагонискиот регион. На меѓународната конференција еден од најважните делови за бизнис секторот беа директните Б2Б средби помеѓу претставниците од компаниите од Измир и присутните компании од Пелагонискиот регион. Целта на овие  средби беше остварување на нова и зајакнување на постоечката соработка помеѓу бизнис секторот (од различни области: текстил, туризам, прехранбена, металопреработувачка, хемиска, дрвна, фармација, градежна индустрија, итн).

Покрај официјалниот дел , во рамките на конференцијата на 27-ми октомври беше организирано студиско патување низ регионот за претставниците од компаниите од Турција. Се остварија посети на неколку општини и компании во нив кои претставуваат странски инвестиции или се извозно ориентирани со цел размена на искуства за водење на бизнис во Пелагонискиот регион. Секоја општина од Пелагонискиот регион, за време на неколку дневната конференција, добија можност да се презентираат пред гостите од Турција со претставување на своите конкурентни предности и поволности кои ги нудат во индустриските зони и други слободни локации, со цел привлекување на странски и домашни инвеститори.

dsc_4536

optimized-dsc_4579

optimized-dsc_4699

optimized-dsc_4710

rounded_corners111

rounded_corners333

Категории

Последни Новости