Можности за инвестирање

Водичот за инвестиции во Пелагонискиот плански регион е одговор на предизвиците со кои се соочуваат потенцијалите домашни и странски инвеститори. Водичот е од голема помош посебно на помалите инвеститори како и на инвеститорите во индустрии кои не се предмет на опслужување на ТИРЗ.

Инвеститорите заинтересирани за инвестиции во Пелагонискиот плански регион имаат можности за реализирање на успешни инвестиции, потпомогнати, пред сè од  конкурентните предности на регионот:

  • природно географските карактеристики на регионот,
  • атрактивноста на цените на парцелите за изградба на индустриски објекти,
  • поволна даночна клима
  • поволни каматни стапки за инвестициски кредити
  • население со висок степен на познавање на работа со компјутери
  • висок процент на население кое познава повеќе од еден странски јазик
  • расположливост на едуциран кадар
  • атрактивниот пазар на труд и релевантни квалификации
  • можност за соработка со истражувачки центри
  • пристап до високообразовни институции

Во овој документ, инвеститорите, домашни и странски, добиваат систематизиран преглед на релевантни информации за нивните активности и бизниси, и тоа:

  • Информациите за пазарот на труд и квалификувна рaботна сила
  • Информациите за индустриски / економски / тир зони и локации кои се погодни за определен вид на инвестиции, достапни на општинско ниво,
  • Информациите за достапните локации за инвестирање на регионално ниво
  • Информациите за грантови, кредитни линии и слична финансиска поддршка

Повеќе на: Водич за инвестиции

 

Збирката на индустриски зони во Пелагонискиот плански регион е изработена со цел подобрување на пристапот до податоци, поефикасна размена на информации, промоција на можностите за инвестирање и привлекување на “greenfield” и “brownfield” инвестиции преку добро организирано мапирање на достапните локации.

Повеќе на: Збирка на индустриски зони