ИЗ Демир Хисар

Индустриска зона Демир Хисар се наоѓа на ул. Битолска бб., Општина Демир Хисар. Лоцирана е на регионалниот пат Р-416 Битола – Кичево, на 1 км од Демир Хисар. Целосната површина на индустриската зона изнесува 33.349,70 м2, а процентот за градба е 68,25%. Намената на слободното земјиште е за лесна и незагадувачка индустрија, а земјиштето може да биде дадено под закуп и да биде продадено. Почетната цена на земјиштето во оваа индустриска зона изнесува 240,00 ден/м2. Оваа индустриска зона е во целосна државна сопственост. Зоната се уште нема линиска инфраструктура и нема претпријатија кои работат во неа.

ИЗ Демир Хисар


Вкупна површина:
33.349,70 м2 (3,335 ха)
Процент на изграденост: 10%
Намена на слободното земјиште : Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија
Сопственост: 100% државна

Контакт: Злате Бошески – Општина Демир Хисар
Телефон: 070/456-117
Email: zlatebos@yahoo.com
Веб страна: www.demirhisar.gov.mk

Инфраструктура во зоната: нема линиска инфраструктура
Претпријатија кои работат во индустриската зона: 0
Закуп/продажба: Можност за закуп или за продажба

Почетна цена на земјиште во сопственост: 240,00 ден/м2

 

 

Оддалеченост

 

Оддалеченост од Километри
Скопје 162
Автопат Е – 75 110
Автопат Е – 65 97
Железничка станица Битола 30
Железничка станица Кичево 50
Аеродром Скопје 161
Аеродром Охрид 100
Аеродром Солун (Р. Грција) 235
Прилеп 60
Битола 27
Крушево 30
Кичево 50

 

Industriska zona demir hisar

 

Карактеристики на слободните парцели за градба

 

 

Број на градежна парцела

 

Површина на земјиште (м2)

 

Површина за градба во основа (м2)

 

Максимална висина на градба (метри)

 

Почетна цена на земјиштето (ден/м2)

Надомест за уредување на градежно земјиште (ЕУР/м2)  

 

Намена

1.1 3.505,72 2.422,81 Не е лимитирана 240,00 Нема одлука на совет Г2
1.3 3.825,73 2.702,46 Не е лимитирана 240,00 Нема одлука на совет Г2
1.4 2.925,62 1.946,32 Не е лимитирана 240,00 Нема одлука на совет Г2
1.7 3.415,21 2.331,10 Не е лимитирана 240,00 Нема одлука на совет Г2

 

Објекти за продажба во општина Демир Хисар

 

Реден број Опис Локација на објектот Вкупна површина на објектот Година на изградба Намена
1 Простор во рамки на ООУ Даме Груев с. Смилево, Демир Хисар 576,00 м2 1985/86 Конфекциско производство

Селото Смилево е на 15 км од Демир Хисар, а низ Демир Хисар поминува регионалниот пат Битола – Кичево, што овозможува брз врска со поголемите соседни центри и останатиот дел од државата. Погонот се наоѓа во централниот дел од населбата во заедничкиот објект со училиштето и е со обезбеден пристап и паркинг за лесни возила. Локацијата е уредена со потребната инфраструктура.

Погонот е изграден во 1985/86 година како составен дел од училиштето за потребите на населениот од селото, организиран со сите пропратни функции како што се магацински простори, санитарни јазли, помошни простории, приклучен е на електрична мрежа, водоводна мрежа и топловодно греење (заедничко со училиштето). Објектот е сутерен, со вкупна површина од 541 м2 . Погонот во моментот не е изграден.

Макро и микро локациските услови, диспозицијата, внатрешната организација на објектот овозможуваат негова адаптација во друга намена согласно потребите и економскиот интерес на потенцијалните инвеститори. Во минатото, погонот бил користен за конфекциско производство од повеќе домашни и една странска компанија. Погонот е најпогоден за конфекциско производство.

Бројот на работници кој може да биде ангажиран е од 60-80, а во Центарот за вработување во Демир Хисар има невроботени кадри од текстилната струка.