ИЗ Преспатекс

Индустриска зона Преспатекс се наоѓа на ул. Индустриска бб. Ресен, во близина на А3 Битола-Ресен и во близина на централното градско подрачје. Индустриската зона Преспатекс располага со целосна вкупна површина од 24 ха. Што се однесува до процентот на изграденост, тој варира од парцела до парцела, различните градежни парцели имаат различен процент на изграденост. Оваа индустриска зона е 70% во државна сопственост и 30% во приватна сопственост. Индустриската зона располага со комплетна инфраструктура – комунална, патна и енергетска инфраструктура.

 

ИЗ Преспатекс

 

Вкупна површина: 24.000 м2   (24 ха)

Процент на изграденост: Различните градежни парцели имаат различен процент на изграденост
Сопственост: 70% државна, 30% приватна

Контакт: Тони Јовановски – Општина Ресен
Телефон: 047/551-769
Email: toni.jovanovski@resen.gov.mk
Веб страна: www.resen.gov.mk

Инфраструктура во зоната: Комплетна инфраструктура (комунална, патна, енергетска и друга инфраструктура )

Претпријатија кои работат во индустриската зона: Румко 91 (преработка на овошје), Кевил Комерц (извоз на овошје, продажба на овошни насади и системи за наводнување), ДеалТаск–Австралија- Подружница Ресен (текстилна и кожарска индустрија), Хатекс (текстилна индустрија), Чокомилк (производство на чоколади и чоколадни производи) , Макотрејд ( откуп на овошје), Гоми 96 ( откуп на овошје), Витарес (преработка на овошје), Јаболчело (преработка на овошје).

Закуп/продажба: Закуп и продажба
Почетна цена на земјиште во сопственост: 1 евро/м2

 

Оддалеченост

 

Оддалеченост од Километри
Скопје 199
Тирана (Р. Албанија) 170
Автопат Е – 75 134
Магистрален пат А3 2
Железничка станица Битола 40
Пристаниште Солун (Р. Грција) 246
Аеродром Скопје 187
Пристаниште Драч (Р. Албанија) 208
Аеродром Солун (Р. Грција) 224
Битола 30
Охрид 35

 

Карактеристики на слободните парцели за градба

 

 

Број на градежна парцела

 

Површина на земјиште (м2)

 

Површина за градба во основа (м2)

 

Максимална висина на градба (метри)

 

Почетна цена на земјиштето (ден/м2)

Надомест за уредување на градежното земјиште (ден/м2)  

 

Намена

1.2 1.290 665 8,00 61,35 330 Г2
1.5 1.015 514 8,00 61,35 330 Г2
1.9 505 180 6,80 61,35 330 Г3
1.10 852 448 8,00 61,35 330 Г3
1.11 605 340 8,00 61,35 330 Г3