ИЗ Разлевци

Индустриска зона Разлевци се наоѓа во село Новаци, општина Новаци на регионалниот пат Битола – Новаци (P 509), на 11 километри оддалеченост од Битола и 1 км од центарот на Новаци. Зоната е во фаза на изградба. Се простира на вкупна површина од 10 хектари, со можност за зголемување на истата. Зоната е во целосна сопственост на државата, а земјиштето е наменето за незагадувачка индустрија, односно за искористување на предностите на општината во полето на  земјоделство, сточарство и агропреработувачка индустрија.

Вкупна површина: 10 ха
Процент на изграденост: 0%
Оддалеченост од центарот на општината: 1 км
Сопственост: 100 % државна сопственост

Намена на слободни локации за градба: Незагадувачка индустрија
Претпријатија кои работат во индустриската зона:  /
Закуп/продажба: И за двете намени
Почетна цена на земјиште: 1 евро/м2

Категории

Последни Новости