ТИРЗ Прилеп (Алинци)

Технолошко индустриски развојна зона Прилеп – локалитет Алинци се наоѓа во југозападниот дел од градот, покрај регионалниот пат за Битола, М5 (стар пат). ТИРЗ Прилеп е на оддалеченоста од центарот на општина Прилеп на 10 километри. Оваа Технолошко индустриска развојна зона располага со вкупна површина од 675.062,22 м2.

ТИРЗ Алинци
Целосната мапа на зоната можете да ја најдете на линкот: ТИРЗ ПРИЛЕП

Развојната зона е целосно во државна сопственост и е менаџирана од страна на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони fez.gov.mk. Од инфраструктура, зоната располага со електрична енергија, водовод, атмосферска канализација, фекална канализација, телефонија и пристап до градежни парцели преку асфалтиран пат или тампонирана површина.  Инвеститорите во ТИРЗ се ослободени за период од 10 години од  плаќање на данок на добивка и 100% се ослободени од персонален данок на доход за период од 10 години, така што ефективната стапка на персоналниот данок на доход изнесува 0%.

 

Вкупна површина: 675.062,22 м2
Процент на изграденост: /
Оддалеченост од центарот на општината: 10 км
Сопственост: 100 % државна сопственост
Менаџирана од: Дирекција за технолошки индустриски развојни зони

Претпријатија кои работат во индустриската зона:

– Гентерм дооел – американска компанија за производство на делови во автомобилска индустрија.

– Акомпласт – германска компанија од автомобилска индустрија.

-WIK Macedonia дооел – германска компанија за производство на апарати за домаќинство

Расположлива инфраструктура во зоната:

 

Инфраструктура Достапност
Електрична енергија
Водовод
Атмосферска канализација
Фекална канализација
Телефонија
Пристап до градежни парцели преку асфалт/тампонирана површина
Табела 1: Расположлива инфраструктура во Технолошко Индустриска зона Алинци

 

ТИРЗ Алинци

 

Оддалеченост од: Километри
Автопат  E – 75 60
Автопат Е – 90 (Р. Грција) 84
Пристаниште Солун (Р. Грција)

Пристаниште Игуменица (Р. Грција)

220

350

Пристаниште Драч (Р. Албанија) 285
Аеродром Скопје 115
Аеродром Охрид 85
Аеродром Солун (Р.Грција) 200
Граница со Турција 633
Битола 44
Ресен 80
Охрид 126
Табела 2: Технолошко Индустриска зона Алинци

 

ТИРЗ Алинци

TIRZ

 

Категории

Последни Новости