ОГЛАС за финансиска поддршка на здруженија и фондации

 

Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2017 година, во вкупен износ од 50.000.000,00 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, на следниот начин:

Тип 1: Грантови во висина од 1.845.000 денари до 3.075.000 денари, во вкупна висина од 36.900.000 денари во следниве приоритетни цели:

  Опис на целите
I Борба против корупцијата, владеење на правото, демократија, човекови права, добро владеење, социјална кохезија и локална самоуправа
II Проекти од областа на здравството и здравиот начин на живот
III Економски развој, одржлив развој, рурален развој, култура и традиции
IV Млади, семејство и семејни вредности
V Евроинтеграции
VI Област на нови технологии, социјални медии, нови медиуми и ИТ технологии

 

Тип 2: Грантови во висина од 307.500 денари до 615.000 денари, во вкупна висина од 13.100.000 денари во следниве приоритетни цели:

  Опис на целите
I Зголемување на  економскиот раст и на вработеностa, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот
II Интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО
III Бескомпромисна борба  против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото
IV Инвестирање во образованието, иновациите и информатичката технологија како клучни елементи за креирање општество базирано на знаење

 

Средствата ќе се доделуваат еднократно за 2017 година. Рокот за реализација на проектот е 12 месеци од денот на потпишувањето на договорот.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 28.4.2017 година.

 

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса:

Влада на Република Македонија

Генерален секретаријат

Одделение за соработка со невладини организации

бул. “Илинден“ бр.2

1000 Скопје

 

Повеќе информации за повикот. на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости