Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) е основан од единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на Пелагонискиот плански регион – Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Могила, Новаци, Кривогаштани, Долнени, и има својство на правно лице.

ЦРППР ја изготвува предлог-програмата за развој на Пелагонискиот плански регион и предлог-акционен план за имплементација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион.

ЦРППР подготвува предлог-проекти за развој на Пелагонискиот плански регион и за подрачјата со специфични развојни потреби, ги координира активностите поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на Пелагонискиот планскиот регион, ги реализира проектите за развој и врши промоција на развојните можности на Пелагонискиот планскиот регион.

ЦРППР обезбедува информации до заинтересираните страни за текот на реализацијата на Програмата за развој на Пелагонискиот планскиот регион и други прашања поврзани со регионалниот развој, дава стручна и техничка помош за единиците на локалната самоуправа при подготовката на нивните програми за развој и обезбедува стручни услуги на здруженија на граѓани и други заинтересирани страни за подготовка на проекти од областа на регионалниот развој.

Исто така, ЦРППР ја поттикнува меѓуопштинската соработка во рамките на Пелагонискиот плански развој и спроведува проекти за поттикнување на развојот на планскиот регион, финансирани од фондовите на Европската унија и други меѓународни извори.

ЦРППР врши и стручни и административно-технички работи за потребите на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Повеќе информации на интернет страната на ЦРППР: http://pelagonijaregion.mk/