Општина Битола

Во рамки на општина Битола е Битолското поле кое го зафаќа најголемиот дел од Пелагониската котлина, со вкупна обработлива површина од околу 70.000 ха. Од неа, најголем дел се ораници, потоа, градинарски површини, овоштарници, лозја и ливади. Со изградбата на хидросистемот Стрежево, создадени се дополнителни поволни услови за развој на земјоделството и за остварување на многу поголеми приноси.

 

Општина битола мапа

Битола е најголемиот градски центар во плодната и најголемата македонска котлина Пелагонија и втор град по големина во Република Македонија. Сместен е во крајниот југозападен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Баба, непосредно до грчката граница (оддалечена 13 км).
Околните планини: Баба Планина, Кајмакчалан и останатите шумски простори располагаат со големи шумски комплекси од огревно и индустриско дрво.
Општина Битола и пошироката околина се познати и со своето разновидно минерално богатство. Ова особено е однесува на големи количества од лигнит и други неметали. Врз основа на овие природни резерви, од 1983 год. работи најголемиот електростопански објект во Македонија, Рударско-енергетскиот комбинат РЕК- Битола. Во овој комбинат се вработени 2.500 лица кои годишно , одложуваат 30 милиони кубици јаловина, ископуваат 6 – 7 милиони тони лигнит, произведуваат 4.2 гигават часови електрична енергија.
Значаен крупен капацитет од пошироко општествено значење е хидромелиоративниот гигант Стрежево. ЈП“Стежево“ (основано 1978 год) денес брои 220 вработени. Овој систем ги зафаќа сите води од реките Шемница и Драгор со своите притоки и водотеците од Баба планина: Кишавска, Граешка, Остречка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка и истите се влеваат во акумулацијата. Браната е изградена на реката Шемница. Стрежево служи за снабдување на Битола и другите населени места со вода за пиење, ги снабдува со индустриска вода одделните капацитети во Општина Битола меѓу кои и РЕК Битола и наводнување на повеќе од 20.200 хектари земја во Пелагонија. Покрај оваа активност, Стрежево се занимава со производство на електрична енергија во своите хидроцентрали, со одгледување на риби и печурки, со угостителски дејности и др. Системот Стрежево исто така служи за заштита од поплавување на дел од Пелагонија.
Како резултат на вака поволни природни можности, во последните децении почнаа да се валоризираат присутните суровински и ресурсни можност во областа на: металната, текстилната, прехранбената, тутунската, графичката индустрија, производството на млеко и млечни производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци, шеќер, квасец, шпиритус и др.

 


ОПШТИНА БИТОЛА
Бул. „1-ви Мај“ бр.61
7000 Битола
+389 47 208 340
bitola@t.mk
www.bitola.gov.mk
Грб на Општина Битола
КоординатиГеографска ширина - 41о00’00” до 41о03’20” N
Географска должина - 21о18’20” до 21о22’1” E
Површина794,53 км2
Повикувачки кодовиМеѓународен код: ++ 389 (Р. Македонија)
Национален код: 047
Поштенски код: 7000
Популација 95.385 жители (Попис 2002)
92.550 жители (Проценето според Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2014)
Полова структураЖени - 50,76%
Мажи - 49,24%
Основни училиштаОУ „Гоце Делчев“
ОУ „Стив Наумов“
ОУ „Св. Кирил и Методиј“
ОУ „Д-р Трифун Пановски“
ОУ „Даме Груев“
ОУ „Коле Канински“
ОУ „Крсте Петков Мисирков“
ОУ „Елпида Караманди“
ОУ „Тодор Ангелевски“
ОУ „Александар Турунџев“
ОУ „Св. Климент Охридски“
ОУ „Ѓорги Сугарев“
(во состав на училиштето работат и специјални паралелки за деца со лесна ментална попреченост)
Средни училиштаСОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“
+ општествено-хуманистичко подрачје
+ природно-математичко подрачје
+ јазично-уметничко

СОУ „Таки Даскалот“
+ гимназиско образование
+ геолошко-рударска и металуршка струка
+ сообраќајна струка
+ текстилно-кожарска струка
+ графичка струка
+ градежно геодетска

СОЕУ „Јане Сандански“
+ економско-правна и трговска струка

СОЕМУ „Ѓорѓи Наумов“
+ електротехничка струка
+ машинска струка

СОМУ „Д-р Јован Калаузи“
+ Здравствена струка
+ Лични услуги

СОЗУ „Кузман Шапкарев“
+ Земјоделска струка
+ Ветеринарна струка
+ Земјоделско-ветеринарна струка

Државно музичко училиште
уметничка струка - музичка уметност
Универзитети и научни установиУниверзитет „Св.Климент Охридски”- Битола (www.uklo.edu.mk)
+ Факултет за биотехнички науки
+ Технички факултет
+ Педагошки факултет
+ Висока медицинска школа
+ Ветеринарен факултет
+ Факултет за информатички и комуникациски технологии

Бизнис академија Смилевски – БАС
Одделение за дисперзирани студии во Битола
Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“
Постоечки банки (филијали)Стопанска банка АД Битола
Стопанска банка АД Скопје
УНИ банка АД Скопје
Алфа банка АД Скопје
Комерцијална банка АД Скопје
Охридска банка АД Скопје
ТТК банка АД Скопје
НЛБ Тутунска банка АД Скопје
Прокредит банка АД Скопје
УНИБанка АД Скопје
Халкбанк АД Скопје
Шпаркасе банка АД Скопје
Осигурителни компанииАлбсиг АД Скопје
Винер осигурување АД Скопје
Евроинс осигурување АД Скопје
Еуролинк осигурување АД Скопје
Инсиг Македонија АД Скопје
Кроација осигурување АД Скопје
АД Осигурителна полиса
Осигурување Македонија АД Скопје - Виена Иншуренс Груп
Сава осигурување АД Скопје
Триглав осигурување АД Скопје
Уника АД Скопје
Број на активни деловни субјекти3.951 (Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2014)
Приоритетни сектори / индустрии во општинатаЗемјоделство и сточарство
Прехранбена, метална и дрвна индустрија
Производство на енергија
Туризам и угостителство
Трговија
Расположливи ресурси во општинатаПелагонија како плодна површина
Добра суровинска основа за прехранбена и други индустрии
Непосредна близина со Грција и Албанија
Национален парк Пелистер
Туристички потенцијал
Расположлива и квалификувана работна сила
Контакт за потенцијални инвеститориМ-р Виолета Налевска
Советник за економски развој
Тел:+389 71 222839
+389 47 208347
E-mail: viki.nalevska@bitola.gov.mk

 

СООБРАЌАЈНИВРСКИ
Автопати и магистрални патиштаАвтопат Е-75
Автопат E-65
Магистрален пат М-5
Магистрален пат М-26
Регионални патни правциБитола - Крушево
Битола - Демир Хисар - Кичево
Битола - Пелистер
Битола - Нижополе
Битола - Бач - Старавина
Битола - Маково - Рапеш
Оддалеченост од аеродроми:Александар Велики (Скопје) - 180 км
Св. Апостол Пале (Охрид) - 85 км
Аеродром Македонија (Солун, Грција) - 170 км
Оддалеченост од пристаништа:Пристаниште во Бургас, Бугарија - 738 км
Пристаниште во Солун, Грција - 214 км
Пристаниште во Драч, Албанија - 242 км
Пристаниште Бар, Црна Гора - 342 км
Оддалеченост од железница:Железничка Станица Скопје - 173 км
Железничка Станица Софија - 366 км
Железничка Станица Солун - 215 км
Оддалеченост од главни градови:Скопје - 173 км
Софија - 366 км
Белград - 570 км
Подгорица - 360 км
Приштина - 255 км
Атина - 571 км
Тирана - 215 км
Оддалеченост од гранични премини:Бугарија- 212 км
Србија - 185 км
Грција - 14 км
Косово - 179 км
Албанија - 57 км

 

 

Инвестирање во општина Битола

Општина Битола на потенцијалните инвеститори им ја става на располагање Индустриската зона „Жабени“ која се наоѓа во јужниот дел од градот Битола, одалечена 9 километри од градот Битола и 11,75 километри од центарот на општината. кронберг и шубертВажна компетитивна предност на Индустриската зона „Жабени“ е нејзината близина до границата со Република Грција од само 5 километри. Вкупната површина на индустриската зона „Жабени“ изнесува 834.539,06 м2 со процент на изграденост од 70%. Менаџирана е од општина Битола, а сопственоста е поделена и тоа 50% од земјиштето е купено од страна на приватни инвеститори и 50% е во сопственост на државата. Во ИЗ Жабени функционира „greenfield“ германската инвестицијата Kromberg&Schubert, а за периодот кој следува најавени се и инвестиции на италијанска компанија од прехрамбена индустрија и турска компанија од областа на производство на земјоделска механизација. Општина Битола на располагање за потенцијалните инвеститори има и објекти за продажба во поранешна касарна на АРМ во вкупна површина од 7.126 м2.