Општина Демир Хисар

Општина Демир Хисар (во превод Железна Планина), е област што се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, северозападно од Пелагониската низина, околу горниот слив на Црна Река со нејзините притоки. Во поголемиот дел,  релјефот е ридско – планински, а мал дел од течението на Црна Река е низински.

Општина Демир Хисар мапа

Посебен природен знак на обележување на областа се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина. Највисокиот врв е 2.000 м.н.в. и е природна граница помеѓу Демирхисарската и Преспанско – Охридската област.

Растителниот свет, посебно шумската вегетација во општина Демир Хисар зазема големи површини и се одликува со релативна сочуваност. Природните услови и карактеристики условуваат појава на два вегетациски појаса, дабов и буков.

Во дабовиот регион се среќаваат неколку типа на шуми, белгаброво-благунова шума, плоскачева шума и горунова шума. Најголеми простори зазема плоскачевата шума и горуновата шума, која што се искачува до најголема височина од 1.200 м. Буковиот појас се надоврзува на дабовиот и претставен е со типовите на подгорска и горска букова шума, а само на многу мали површини се јавува субалпска букова шума (на највисоките предели на планината Бигла).  По планинските предели застапени се планинските пасишта, а на поголемите површини, се застапени ридските пасишта и тоа претежно во северните и источните предели на општината.

Демир Хисар е урбанизирана населба од градски тип која што ги има сите услови на мало градче. Изградена е електрична мрежа, водовод, одводна канализација, асфалтирани улици, улично осветление. Градот Демир Хисар е општински, административен центар на општина Демир Хисар.

Општина Демир Хисар  е поврзана со современи патишта со соседните градови Битола, Крушево, Кичево и Прилеп. Во однос на останатите општини од регионот се карактеризира со конкурентна и квалификувана работна сила; конкурентни цени на земјоделски и шумски производи и плодови, големи водни ресурси и добра инфраструктура.

Производството на ќумур во Демирхисарско има своја традиција. Производството на ќумур (дрвен јаглен) била една од основните егзистиционални дејности во Демирхисарското горноселие. До пред неколку децении ќумурџиите произведувале ќумур исклучиво за потребите на ковачите, но последниве години производството го пременија на така наречен скараџиски ќумур што се користи во угостителството. Во овој занает впечатливо е тоа што после толку години останал традиционалниот начин на производство. Како суровина за добивање на ќумур се користи дабовото и буковото дрво што го карактеризира висока калоричност. Затоа Мреношкиот, Вировскиот и Смилевскиот ќумур се најбарани на пазарот.

 

 

Општина Демир Хисар – Општи податоци

 

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР
ул. „Битолска“ б.б., Демир Хисар+389 47 552 661  
opstinademirhisar@yahoo.com
www.demirhisar.gov.mk
Координати *  Географска ширина – 41о22’ N

*  Географска должина  – 21о20 E

Површина *  480,15 км2
Повикувачки кодови *  Меѓународен код:   ++ 389 (Р. Македонија)

*  Национален код:     047

*  Поштенски код:       7240

Популација *  9.497 жители (Попис 2002)

*  8.439 жители (Проценето според Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2014)

Полова структура *  Жени – 48,61%

*  Мажи – 51,39%

Број на невработени лица (АВРМ, декември 2015 ) *  1.060
Основни училишта *  ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар

*  ООУ „Даме Груев“, с.Смилево

*  ООУ „Браќа Миладиновци“, с.Жван

Средни училишта *  СОУ „Крсте П. Мисирков“
Постоечки банки (филијали) *  Стопанска банка АД Битола

*  Стопанска банка АД Скопје

Осигурителни компании *  Еуролинк осигурување АД Скопје

*  Триглав осигурување АД Скопје

*  Сава осигурување АД Скопје

*  Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

*  Винер осигурување АД Скопје

Број на активни деловни субјекти *  244 (Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2014)
Приоритетни сектори / индустрии во општината *  Земјоделство

*  Текстилна индустрија

*  Метало преработувачка индустрија

*  Прехранбено преработувачка индустрија

*  Транспорт и услужни дејности

Расположливи ресурси во општината *  Шуми и пасишта

*  Обработливо земјоделско земјиште

*  Шумски плодови

*  Водни ресурси (реки и мали акумулации)

*  Минерали (варовник, глина, мермер)

*  Богато културно-историско и етно наследство

*  Изградена инфраструктура (локални патишта до сите населени места, водоводи, канализациони мрежи во поголемите населени места)

Контакт за потенцијални инвеститори Мише Милошевски

Тел.:    047-552-661

E-mail: mishe.miloshevski@yahoo.com

demirhisar@demirhisar.gov.mk

Злате Бошевски

Тел.:    047-552-661

E-mail: zlatebos@yahoo.com

 

Општина Демир Хисар – Сообраќајни врски

 

 
СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ
 
Автопати и магистрални патишта ·         Автопат E-65

·         Автопат E-75

·         Магистрален пат A3

·         Магистрален пат A2

Регионални патни правци ·         Р 1306
Оддалеченост од аеродроми: ·         Александар Велики (Скопје)  – 167 км

·         Св. Апостол Пале (Охрид) – 95 км

·         Аеродром Македонија (Солун, Грција) – 235 км

Оддалеченост од пристаништа: ·         Пристаниште во Бургас, Бугарија – 729 км

·         Пристаниште во Солун, Грција   – 220 км

·         Пристаниште во Драч, Албанија – 256 км

·         Пристаниште Бар, Црна Гора – 351 км

Оддалеченост од железница: ·         Железничка Станица Скопје – 162 км

·         Железничка Станица Софија – 375 км

·         Железничка Станица Солун – 220 км

Оддалеченост од главни градови: ·         Скопје – 160 км

·         Софија – 375 км

·         Белград – 582 км

·         Подгорица – 368 км

·         Приштина – 237 км

·         Атина – 576 км

·         Тирана – 220 км

Оддалеченост од гранични премини: ·         Бугарија- 262 км

·         Србија – 200 км

·         Грција – 43 км

·         Косово – 168 км

·         Албанија – 82 км

 

Инвестирање во општина Демир Хисар

Во општина Демир Хисар се наоѓа Индустриската зона „Демир Хисар“ која е лоцирана е на регионалниот пат Р-416 Битола – Кичево, на 1 километар оддалеченост од Демир Хисар. Индустриската зона „Демир Хисар“ е со површина од 33.349,70 м2. Процентот на изграденост во зоната изнесува 68,25%. Намената на слободното земјиште во оваа Индустриска зона е за лесна и незагадувачка индустрија, а земјиштето може да биде дадено под закуп и да биде продадено.

Индустриската зона „Демир Хисар“
Вкупна површина 33.349,70 м2
Оддалеченост од центарот на општината 1 км
Сопственост 100 % државна сопственост
Расположлива инфраструктура Нема линиска инфраструктура
Намена на слободни локации за градба Г2 – лесна и незагадувачка индустрија
Почетна цена на земјиште во сопственост 240,00 ден./м2
Општина Демир Хисар на располагање за потенцијалните инвеститори им дава и можност за користење на објекти во општинска сопственост за деловни цели и долгорочен закуп на објекти за деловни цели:

Информации за објекти за продажба
Реден број Опис Локација на објектот Вкупна површина на објектот
1 Простор во склоп на ООУ “Даме Груев” с. Смилево, Демир Хисар 576,00 м2
Успешен пример за ,,brownfield” инвестиција во општина Демир Хисар е руската инвестиција „Гришко Македонија“ во с. Слепче, Демир Хисар.

 

Можност за туристичка развојна зона во Општина Демир Хисар

Во општина Демир Хисар во КО Слепче постои можност за формирање на туристичка развојна зона. За таа површина од 22.000 метри квадратни изработен е геодетски елаборат за ажурирана подлога врз кој ќе се изработува урбанистички план. Овој регион има потенцијал за развивање и на рекреативен и здравствен туризам.        Селото Слепче е лоцирано на 2 километри од Демир Хисар, има урбанистички план и е инфраструктурно обезбедено. Близината на Демир Хисар овозможува користење на сите постоечки капацитети, како градскиот стадион, спортската сала, Дом на култура, Здравствен дом и образовните институции. Во с.Слепче од големо значење е постоењето на двата манастири “Св. Јован Претеча” и “Источен Петок” кои се посетувани од голем број на жители од регионот и од странство. Во овие манастири има сместувачки капацитети, кои не се категоризирани.

Благопријатните услови, чистата природа, богатиот воздух со кислород, го вбројува ова подрачје во висока зелена зона со силна енергетска вредност. Подрачјето има потенцијал за производство на здрава еколошка храна, располага со голем број на извори за чиста и здрава вода за пиење и наводнување, а конфигурацијата на земјата, релјефот на планините и ридовите се богати со пасишта и претставуваат поволен услов за развој на сточарството. Подрачјето располага со повеќе видови на билки, чаеви и шумски плодови, а не помалку значајно е богатството со дивеч.