Општина Кривогаштани

Општина Кривогаштани се наоѓа во срцето на Пелагониската котлина, опкружена со градовите Битола, Прилеп и Крушево. Општината има 11 населени места плус Кривогаштани каде што е и седиштето на општината.

Општина Кривогаштани мапа

Вкупниот број на население изнесува 6.150 жители од кои 95% главно се занимаваат со земјоделие, производство на зеленчук како: кромид, компир, пиперка, тутун и житарици.

 

Компаративна предност на општина Кривогаштани

Во Кривогаштани се наоѓа еден од најголемите сточни пазари во Македонија.
Општината има своја индустриска зона како и слободно земјоделско земјиште кое може да се користи и обработува од потенцијални инвеститори. Големиот број на верски објекти, пред се православни христијански цркви, се туристичка дестинација за многу добронамерници. Почвата овде е погодна за одгледување на коноп за потребите на текстилната индустрија. Во минатото на територијата на општина Кривогаштани биле одгледувани големи површини на коноп за производство на конопни влакна.

 

 

Општина Кривогаштани – Општи податоци

 

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ
ул. „Филип Втори“ бр.84, Кривогаштани

+389 48 471 280
+389 48 471 471
opstina_krivogastani@yahoo.com 
www.krivogastani.com

Координати *  Географска ширина – 41о33’ N

*  Географска должина  – 21о33’ E

Површина *  93,57 км2
Повикувачки кодови *  Меѓународен код:++389(Р. Македонија)

*  Национален код:  047

*  Поштенски код:   7000

Популација *  6.150 жители (Попис 2002)

*  5.663 жители (Проценето според Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2014)

Полова структура *  Жени – 47,4%

*  Мажи – 52,6%

Број на невработени лица (АВРМ, декември 2015 ) *  434
Основни училишта *  ОУ „Манчу Матак“ – Кривогаштани

*  ОУ „Јонче Смугрески“ – Обршани

Постоечки банки (филијали) *  ТТК банка АД Скопје
Осигурителни компании *  Албсиг АД Скопје

*  Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп

Број на активни деловни субјекти *  101 (Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2014)
Приоритетни сектори / индустрии во општината *  Земјоделство  (Производство на пиперка, тутун, кромид, компир, пченица, пченка)
Расположливи ресурси во општината *  Висок квалитет на произведени земјоделски производи, пиперка, кромид, компир, тутун и житни култури

*  Голем број на Цркви како можна туристичка дестинација

Контакт за потенцијални инвеститори Сашо Цуцулоски 

Тел.:    078-308-714
E-mail: s.cuculoski@gmail.com

 

 

Општина Кривогаштани – Сообраќајни врски

 

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ

Регионални патни правци ·         R 1306 (Прилеп-Крушево-Сладуево)
·         R 2336 (Ропотово-Кривогаштани–Бучин-Вашарејца)
·         R 2339 (Лагово-Обршани-Граиште)
Оддалеченост од аеродроми: ·         Александар Велики (Скопје)  – 129 км
·         Св. Апостол Пале (Охрид) – 109 км
·         Аеродром Македонија (Солун, Грција) – 250 км
Оддалеченост од пристаништа: ·         Пристаниште во Бургас, Бугарија – 691 км
·         Пристаниште во Солун, Грција   – 235 км
·         Пристаниште во Драч, Албанија – 276 км
·         Пристаниште Бар, Црна Гора – 360 км
Оддалеченост од железница: ·         Железничка Станица Скопје – 146 км
·         Железничка Станица Софија – 350 км
·         Железничка Станица Солун – 240 км
Оддалеченост од главни градови: ·         Скопје – 140 км

·         Софија – 350 км

·         Белград – 547 км

·         Подгорица – 392 км

·         Приштина – 230 км

·         Атина – 620 км

·         Тирана – 250 км

Оддалеченост од гранични премини: ·         Бугарија – 238 км

·         Србија – 163 км

·         Грција – 56 км

·         Косово – 170 км

·         Албанија – 135 км

 

Инвестирање во општина Кривогаштани

 
Општина Кривогаштани има своја индустриска зона како и слободно земјоделско земјиште кое може да се користи и обработува од потенцијални инвеститори. Индустриска зона „Славеј“ претставува потенцијално место за инвестирање во општина Кривогаштани. Индустриската зона се наоѓа во населено место Славеј – Општина Кривогаштани, на патот Прилеп – Крушево. Оддалеченоста од Кривогаштани изнесува 6,5 км, а од Прилеп 15 км. Индустриската зона има пристап до електрична енергија, вода, одвод и пречистителна станица, телекомуникациски врски. Целосната површина со која располага зоната изнесува 6,622 ха, од кои само 10% се изградени во моментов.
 

Индустриската зона „Славеј“
Вкупна површина 6,622 ха
Оддалеченост од центарот на општината 6,5 км
Сопственост 100 % приватна сопственост
Расположлива инфраструктура – Електрична енергија

– Водовод

– Телефонија

Намена на слободни локации за градба Г2, Г3, Г4
Почетна цена на земјиште во сопственост 70,00 ден./м2
„Кривогаштани Промет“, компанија за преработка и конзервирање на зеленчук е пример за успешна „brownfield“ инвестиција во општина Кривогаштани. Компанијата е сместена во Индустриската зона „Славеј“. Во периодот кој следува најавена е „greenfield“ инвестицијата дооел „СТЕФАН“, компанија која ќе се занимава со откуп и преработка на зеленчук.