Општина Прилеп

Општина Прилеп е лоцирана во централниот дел на јужното подрачје на Република Македонија, на северниот дел на најголемата житница во државата, Пелагонија. Општината зафаќа вкупна површина од 1.195 км2 и според површината е најголема општина во Македонија.

Општина прилеп мапа

Општината вклучува вкупно 59 населени места – Градот Прилеп и 58 села. Во однос на бројот на жители, општината се наоѓа на петтото место од вкупно 84 општини. Општината опфаќа и дел од висорамнината Мариово која во мал дел граничи со Република Грција.

Прилеп е на околу 60 километри оддалеченост од јужната граница на Република Македонија  со Република Грција. Низ градот поминува железница која ги поврзува Битола, Велес, Прилеп и Скопје, а преку Скопје го поврзува градот со другите земји. Оддалеченоста на Прилеп од Солун, Република Грција (аеродром и пристаниште) е околу 210 км. Градот е поврзан со Скопје и Солун преку автопатот Е75 и магистралниот пат М5. Оддалечен е е 240 км од пристаништето во Драч, Р. Албанија.

Земојделието во Општина Прилеп е една од најразвиените индустриски гранки. Најзастапени земјоделски култури се: тутунот, житните култури и градинарството. Општина Прилеп е најпозната, и во Република Македонија и пошироко, по тутунопроизводството кое завзема најголем дел од вкупното земјоделско производство. Затоа Прилеп е наречен град на тутунот.

Регионот во кој се простира општина Прилеп изобилува со наоѓалишта на мермер и гранит. Главните рудници се наоѓаат во местата Сивец, Кукул, Плетвар, Беловодица, Тројаци, Небрегово и Слива.

 

ОПШТИНА ПРИЛЕП
Прилепски бранители бр.1
Прилеп
+389 48 401701
+389 48 401709
prilep@prilep.gov.mk
ler@prilep.gov.mk
www.prilep.gov.mk
Грб на Општина Прилеп
КоординатиГеографска ширина - 41о21’22” N
Географска должина - 21о35’7” E
Површина1.195 км2
Повикувачки кодовиМеѓународен код: ++ 389 (Р. Македонија)
Национален код: 048
Поштенски код: 7500
Популација 76.768 жители (Попис 2002)
75.674 жители (Проценето според Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2014)
Полова структураЖени - 49,82%
Мажи - 50,18%
Основни училиштаОУ „Блаже Конески“
ОУ „Климент Охридски“
ОУ „Кире Гаврилоски“
ОУ „Добре Јованоски“
ОУ „Гоце Делчев“
ОУ „Рампо Левката“
ОУ „Кочо Рацин“
ОУ „Кирил и Методиј - Канатларци
ОУ „Петре Глигуровски - Црнилиште
ОУ „Круме Волпароски“ - Тополчани
ОУ „Страшо Пинџур“ - Мало Коњари
Средни училиштаСОУ Гимназија „Мирче Ацев”

СОУ „Ѓорче Петров“
• Здравствена струка
• Текстилно-кожарска струка
• Лични услуги
• Шумарско-дрвопреработувачка струка
• Геолошко-рударска и металуршка струка

СОУ „Орде Чопела”
• Земјоделско-ветеринарна струка
• Хемиско-технолошка струка
• Лични услуги
• Градежно-геодетска струка

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу”
• Економско-правна и трговска струка

СОУ „Ристе Ристески – Ричко”
• Машинска струка
• Електротехничка струка
• Сообраќајна струка
• Спортска Гимназија
• Графичка струка
Универзитети и научни установиУниверзитет „Св.Климент Охридски”- Битола (www.uklo.edu.mk)
• Економски факултет -Прилеп

• Дисперзирани студии по:
Информатика и компјутерска техника
Производство и преработка на тутун
Геологија и рударство

Институт за тутун

Институт за Старословенска култура

Институт за композитни материјали и роботика

Работнички универзитет
Постоечки банки (филијали)Стопанска банка АД Скопје
Стопанска банка АД Битола
Комерцијална банка АД Скопје
Еуростандард банка АД Скопје
УНИ банка АД Скопје
Прокредит банка АД Скопје
Халкбанк АД Скопје
Алфа банка АД Скопје
НЛБ Тутунска банка АД Скопје
Шпаркасе банка АД Скопје
ТТК банка АД Скопје
Охридска банка АД Скопје
УНИБанка АД Скопје
Осигурителни компанииТриглав осигурување АД Скопје
Осигурување Македонија АД Скопје - Виена Иншуренс Груп
Инсиг Македонија АД Скопје
Сава осигурување АД Скопје
Евроинс осигурување АД Скопје
АД Осигурителна полиса
Албсиг АД Скопје
Кроација осигурување АД Скопје
Уника АД Скопје
Еуролинк осигурување АД Скопје
Винер осигурување АД Скопје
Број на активни деловни субјекти2.688 (Државен завод за статистика, заклучно со 31.12.2014)
Приоритетни сектори
индустрии во општината
Тутунска индустрија
Прехранбена индустрија
Рударство
Земјоделство (најмногу застапена култура е тутунот)
Текстилна индустрија
Трговија
Индустрија за производство на ЦНЦ машини и роботика
Металопреработувачка индустрија
Расположливи ресурси во општинатаЗемјоделство
Енергетика
Рударство
Туризам (Културно – историски атракции и
Културни настани)
Инфраструктура
Контакт за потенцијални инвеститориВинета Иваноска
Одделение за ЛЕР
Тел: 389 48 401709
+389 72 268868
E-mail: v.ivanoska@prilep.gov.mk
ler@prilep.gov.mk
Марија Секулоска
Шеф на Кабинет на Градоначалникот на општина Прилеп
Тел.: 048-401-700
072-427-430
E-mail: msekuloskapp@gmail.com

 

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИМерења
Автопати и магистрални патиштаАвтопат Е-75
Магистрален пат А-1
Магистрален пат А-3
Регионални патни правциМагистрала А3 (кон Битола)
Р1101 (Прилеп - Битола)
Р1303 (кон Кичево)
Р1306 (кон Крушево)
Магистрала А1 (кон Градско)
Оддалеченост од аеродроми:Александар Велики (Скопје) - 130 км
Св. Апостол Пале (Охрид) - 125 км
Аеродром Македонија (Солун, Грција) - 210 км
Оддалеченост од пристаништа:Пристаниште во Бургас, Бугарија - 696 км
Пристаниште во Солун, Грција - 220 км
Пристаниште во Драч, Албанија - 240 км
Пристаниште Бар, Црна Гора - 380 км
Оддалеченост од железница:Железничка Станица Скопје - 126 км
Железничка Станица Софија - 323 км
Железничка Станица Солун - 216 км
Оддалеченост од главни градови:Скопје - 126 км
Софија - 323 км
Белград - 526 км
Подгорица - 399 км
Приштина - 212 км
Атина - 676 км
Тирана - 245 км
Оддалеченост од гранични премини:Бугарија- 163 км
Србија - 144 км
Грција - 61 км
Косово - 142 км
Албанија - 134 км

 

Инвестирање во општина Прилеп

 

Општина Прилеп на потенцијалните инвеститори им ги става на располагање:

  • Технолошко Индутриска Развојна Зона – ТИРЗ Прилеп
  • Индустриска зона Прилеп 1
  • Индустриска зона Прилеп 2
  • Индустриска зона Прилеп 3

 

Технолошко индустриски развојна зона Прилеп се наоѓа во југозападниот дел од градот, покрај регионалниот пат М5. ТИРЗ Прилеп е на оддалеченост од 10 километри од центарот на општина Прилеп. Оваа Технолошко индустриска развојна зона располага со вкупна површина од 675.062,22 м2ТИРЗ АлинциТИРЗ Прилеп е целосно во државна сопственост и е менаџирана од страна на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (www.fez.gov.mk). Зоната располага со електрична енергија, водовод, атмосферска канализација, фекална канализација, телефонија и пристап до градежни парцели преку асфалтиран пат или тампонирана површина.

 

Индустриската зона „Прилеп 1“ се наоѓа во југозападниот дел од градот, покрај регионалниот пат за Битола. ИЗ Прилеп 1Во самата зона ја има потребната инфраструктура – водовод, канализација и електрика. Вкупната површина на зоната ИЗ Прилеп 1 изнесува 20 ха. Слободните локации за градба се со намена: Објекти за лесна и незагадувачка индустрија.

 

Индустриската зона „Прилеп 2“ се наоѓа во југозападниот дел од градот, покрај регионалниот пат за Битола, на просторот на поранешниот Сточен пазар. ИЗ Прилеп 2Самата зона ИЗ Прилеп 2 ќе ја има цела потребна инфраструктура неопходна за непречено работење: водовод, канализација и електрика. Вкупната површина на зоната изнесува 3,6 ха. Слободните локации за градба се со намена:  Објекти за лесна и незагадувачка индустрија и сервиси.

 

Индустриска зона „Прилеп 3“ се наоѓа во северозападниот дел од градот, покрај регионалниот пат за Македонски брод Р513. Во непосредна близина на зоната  ја има потребната инфраструктура: водовод, канализација и електрика. Вкупната површина на ИЗ Прилеп 3 изнесува 381.600 м2.ИЗ Прилеп 3Во општина Прилеп моментално во изградба е „greenfield“ инвестицијата на компанијата „Гентерм“, компанија од областа на автомобилска индустрија. Успешен пример за „brownfield“ инвестиција е компанијата „Buzzi & Buzzi“, италијанска компанија за производство на расветни тела.
Во периодот кој следува во ТИРЗ Прилеп најавена е „greenfield“ инвестиција на  „Акомпласт“, компанија од областа на автомобилската индустрија. Во Индустриската зона „Прилеп 1“во тек е изградба на 5 објекти на 4 локации. Објекти градат компаниите: Тритекс Трејд, Дониа д.о.о., Провиста, Годом д.о.о.ел. и Уникат градба.