Цркви и Манастири

Манастир Трескавец

Преспанско-пелагониска епархија — една од 12-те епархии на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Формирана е со одлука на синодот во1958 година и за нејзино седиште е избран градот Битола. При формирањето на МПЦ оваа епархија се нарекувала Охридско-битолска епархија. За архијереј бил избран епископот Климент, кој раководел до 1977 година . Во 1974 епархијата била преименувана во Преспанско-битолска и неа ја администрирале викарните епископи Методиј, Ангелариј и Горазд, а од 1979 митрополитот Гаврил. Во 1981 година на чело на Преспанско-битолската епархија бил поставен митрополитот Петар. Во 1994 година епархијата била преименувана во Преспанско-пелагониска со четири намесништва: Битолско, Прилепско, Ресенско и Крушевско-демирхисарско.[1] Епархијата има околу 300.000 верници, 600 цркви, манастири и капели, со 100 свештенослужители и 30 монаси и монахињи.

Црква Света АнаЕпархијата ја поседува Митрополитската современа библиотека Св. Јован Богослов, чијшто вкупен книжен фонд се состои од над 10.000 книги. Таа, како издавачка куќа, досега има издадено најразлична богословска литература. Во состав на Епархијата работи Хуманитарната Организација „Самарјанин“ која истовремено е иницијатор и исполнувач на идејата за проектот „Трето дете – зголемување на наталитетот“. Оваа хуманитарна организација, со благослов и под покровителство на надлежниот архијереј, организира голем број хуманитарни изложби, приредби, аукции, со цел прибирање помош за штитениците на епархијата. Нејзина исклучително значајна активност е и народната кујна.

Една од 12-те епархии на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Формирана е со одлука на синодот во1958 година и за нејзино седиште е избран градот Битола. При формирањето на МПЦ оваа епархија се нарекувала Охридско-битолска епархија. За архијереј бил избран епископот Климент, кој раководел до 1977 година . Во 1974 епархијата била преименувана во Преспанско-битолска и неа ја администрирале викарните епископи Методиј, Ангелариј и Горазд, а од 1979 митрополитот Гаврил. Во 1981 година на чело на Преспанско-битолската епархија бил поставен митрополитот Петар. Во 1994 година епархијата била преименувана во Преспанско-пелагониска со четири намесништва: Битолско, Прилепско, Ресенско и Крушевско-демирхисарско.[1] Епархијата има околу 300.000 верници, 600 цркви, манастири и капели, со 100 свештенослужители и 30 монаси и монахињи.

Манастир 2Епархијата ја поседува Митрополитската современа библиотека Св. Јован Богослов, чијшто вкупен книжен фонд се состои од над 10.000 книги. Таа, како издавачка куќа, досега има издадено најразлична богословска литература. Во состав на Епархијата работи Хуманитарната Организација „Самарјанин“ која истовремено е иницијатор и исполнувач на идејата за проектот „Трето дете – зголемување на наталитетот“. Оваа хуманитарна организација, со благослов и под покровителство на надлежниот архијереј, организира голем број хуманитарни изложби, приредби, аукции, со цел прибирање помош за штитениците на епархијата. Нејзина исклучително значајна активност е и народната кујна.