Историски локалитети

Маркови кули

Основана е кон средината на IV век пред н.е. од страна на кралот Филип II Македонски, како важен стратегиски пункт. Остатоците од материјалната култура од старомакедонската фаза на животот археолошки не се доволно истражени.[1]

Хераклеја Линкестис се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба. Името го носи според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Линкестис со значење „Линкестидска”, доаѓа од називот на регионот Линкестида во кој се наоѓал градот, а во кој живеело древното македонско племе Линкестиди. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба, односно ридот Тумбе Кафе и реката Сива Вода на југ, Хераклеја опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Виа Игнација (лат. Via Ignatia) кој ги поврзувал Драч и Босфор. Од Хераклеја патот дијагонално се протегал кон Стоби, а потоа кон Сердика (ден. Софија).

ХераклеаПосебно внимание на восхит буди импозантната градба на театарот каде што генијот на искусниот градител од тоа време, Витрубиј, бил доведен во совршенство. Хипотетичките податоци, забележани од археолозите и историчарите на уметноста, говорат за тоа дека почетоците на неговата градба датираат во времето на царот Хадријан, а завршните зафати биле изведени во времето на Антонин Пие. Повторно, по испробаниот стар рецепт од римската архитектонска кујна, се употребени мермерот, каменот и печената тула, кои на ова монументалната градба ѝ даваат еден неповторлив изглед со впечатлива естетика. Со откривањето на бината, се потврди двојната функција на театарскиот објект – за сценски изведби и за претстави со животни кои биле чувани во трите кафези. За безбедноста на гледачите бил подигнат висок ѕид од ортостати околу орхестрата со метална ограда врз нив. Гледалиштето има дијазома со дваесет редови седишта, а над горниот ред се наоѓал Немезион. Почетната ложа со седишта била помеѓу третиот и седмиот ред. Сцената се состои од пет правоаголни простории и раскошно украсена северна фасада. Театарот бил со капацитет за околу три илјади посетители од сите сталежи.

Споменик Втората Светска Војна во тоа време одиграл пресудна улога во создавањето на култот на маченикот – христијанин, кој во арената бил фрлан пред изгладнетите ѕверови. Христијаните, поткрепени од длабоката вера во Бога и спасение на душата, со молитва и без страв ја примале маченичката смрт, а тој чин громогласно бил крунисуван од страна на публиката. Крајот на третиот век до средината на четвртиот век е време на варварски напади, време на борба меѓу носителите на христијанската вера и нивните противници – паганите, сè до верскиот мир кога е направен и конечниот успешен обид за примирје.
Немирите не запираат ниту во вековите што следат. Градот ќе биде разурнат и повторно роден налик на митската птица Феникс. Според елементите на материјалната култура, со сигурност може да се тврди дека христијанството послободно пулсирало низ дамарите на градот, каде што црковниот живот започнал успешно да се организира. За тоа најдобро сведочат архитектонските остатоци од самите градби, како и неколкуте списи на епископи од IV век н.е. Уште една поткрепа на ова е и натписот на фонтаната, што е во непосредна близина на театарската зграда со името на епископот Јован, чие име се јавува врежано и во монограмот на еден капител во малата базилика.

 

 

Категории

Последни Новости