Потпишан нов Договор на финансирање на Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

 

На 27-ми мај 2016 година во Скопје свечено беше потпишан новиот Договор за поддршка на Бизнис Центарот во Пелагонискиот регион, помеѓу Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Целта на договорот е поддршка на Бизнис Центарот во насока на  поттикнување на развојот на малите и средни бизниси, зголемување на конкурентноста  помеѓу општините и планските региони и привлекување на нови инвеститори преку олеснување на пристапот до институциите и до услугите во регионот.

Бизнис Центарот ќе работи на обезбедување на информации за постоечките индустриски зони во регионот, слободни локации со нивни карактеристики и поволности кои ги нудат, водич за инветиции со стратешките цели на регионот за развој на одредени сектори, информативни настани за запознавање со националните и ЕУ програмите за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој. А во наредниот период, со подршка на Министерството за локална самоуправа  и ГИЗ,  Бизнис Центарот ќе се фокусираа на подготовка на Регионална стратегија за иновации.

На овој свечен настан присуствуваа Министерската за локална самоуправа г-ѓа Ширет Елези, Директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска, Државниот Секретар на МЛС, како и претставници на ГИЗ, УНДП  и Бизнис Центрите на планските региони.

Категории

Последни Новости