Проект за локална и регионална конкурентност

 

Единицата за спроведување на проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран со грант од Европската унија, ги кани сите заинтересирани подносители да достават предлози за изразување на интерес за поддршка на клучни инвестиции во инфраструктурни и останати не-изфраструктурни активности поврзани со туризмот. Овие активности ќе придонесат за зголемување на привлечноста на клучните дестинации преку подобрување на понудата на производи и поврзување со локалните економии, опфаќајќи поголем дел од економските придобивки во дестинациите.

Целта на ПЛРК е да се зајакне придонесот на туризмот кон локалниот економски развој и подобрување на капацитетите на владата и јавните институции за да се поттикне развојот на туризмот и да се олесни управувањето со дестинациите. ПЛРК има за цел значително зголемување на атрактивноста на вклучените дестинации и, со тоа, зголемување на економската активност во овие дестинации и поддршка на растот и развојот на туристичкиот сектор на централно, регионално и локално ниво. Проектот ќе работи директно со јавни, непрофитабилни и приватни субјекти и е дизајниран да испорача финансиски, економски и социјални бенефиции на локалните заедници и приватниот сектор.

Овој повик за изразување на интерес повикува да се поднесат барања со кои ќе се исполнат јазовите утврдени во дестинациите и опишани во Плановите за развој на туризмот во следниве области кои се важни за развојот на туризмот:

  • Подобрување на културата насочена кон услугите и квалитет на услугите;
  • Јакнење на капацитетите на туристичките водичи и вештините на лиценцираните туристички водичи;
  • Подобрување на културата на постапување и управување со отпад;
  • Интернет маркетинг и комуникации;
  • Патокази и попатни информции;
  • Попатна инфраструктура за посетители

Рок за првата фаза:
1. Изразување на интерес – не подоцна од 18 април, 2017 година (вторник), 16:00 часот.

Рокови за втората фаза:

1. Датумот кога квалификуваните барателите треба да почнат да ги изготвуваат своите целосни предлози е 11 мај, 2017 година (четврток);

2. Целосниот предлог за инфраструктурни инвестиции треба да се поднесе до 24 јули, 2017 година (понеделник);

3. Целосниот предлог за организации од секторот туризам и образовни установи и центрите за обука треба да се поднесе  до 10 јули, 2017 година (понеделник)

4. Целосниот предлог за локални микро и мали претпријатија треба да се поднесе до, 26 јуни, 2017 (понеделник).

Дополнителни информации за повикот може да се најдат на следниот линк:
https://lrcp.mk/2017/03/14/first-call-for-expression-of-interest/

Категории

Последни Новости