ПРOГРАМА ЗА КОНКУРЕНТНОСТ, ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА 2021 ГОДИНА

ПРOГРАМА ЗА КОНКУРЕНТНОСТ, ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО ЗА 2021 ГОДИНА

I Со оваа програма се уредува намената на средствата за конкурентност, иновации и претприемништво во вкупен износ од 68.800.000,00 (описно шеесет и осум милиони и осумстотини илјади) денари и тоа :

– 50.000.000,00 (педесет милиони) денари, обезбедени од Буџетот на РМ за 2021 година, – Потпрограма ДГПоддршка на развојот на мали и средни претпријатија, ставкa 462, наменети за развој на микро, мали и средни претпријатија ( во понатамошниот текст ММСП ) и занаетчиство;

– 13.000.000,00 (тринаесет милиони) денари, обезбедени од Буџетот на РМ за 2021 година, Потпрограма 11 Индустриска политика, сметка 637, ставкa 462, наменети за имплементација на мерки од Индустриската стратегија на Република Северна Македонија 2018-2027,

– 4.800.000,00 (четири милиони и осумстотини илјади) денари, обезбедени од Буџетот на РМ за 2021 година, Потпрограма 11 Индустриска политика, сметка 637, ставка 464, наменети за поддршка и развој на кластерското здружување во Република Северна Македонија и

– 1.000.000,00 (еден милион) денари, обезбедени од Буџетот на РМ за 2021 година, Потпрограма 16 Инвестиции и општествена одговорност, ставка 462 субвенции за приватни претпријатија.

Средствата од Буџетот на РМ за 2021 година наменети за реализација на оваа програма, ги распоредува Министерството за економија.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости