Програма за поддршка на малите и средни претпријатија

„Регионалната програма со предлог-акциски план за развој и поддршка на приватниот сектор во Пелагонискиот плански регион (2016 – 2020)“ е изработена во рамките на проектот на Министерството за локална самоуправа „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“. Во рамките на активностите на формираниот Бизнис центар во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион изготвени се:

  • Регионална програма со предлог-акциски план за развој и поддршка на приватниот сектор во Пелагонискиот плански регион (2016 – 2020) <линк>
  • Акциски план за спроведување на Регионалната програма за развој и поддршка на приватниот сектор во Пелагонискиот плански регион (2016 – 2020) <линк>
  • Акциски план за развој  и поддршка на агро бизнис секторот во Пелагонискиот плански регион (2016) <линк>