Јавен повик за кофинансирање на претпријатија за купување на опрема, инструменти, алат кои ќе се користат за обука, настава, за стекнување занимања

 

Согласно програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објави јавен повик за кофинансирање на претпријатија за купување на опрема, инструменти, алат кои ќе се користат за обука, настава, за стекнување занимања, до 50% од докажаните трошоци но не повеќе од 1.200.000 денари поединечно.

Право на учество на повикот имаат претпријатија кои имаат Решение за верификација од Министерството за образование и наука за реализирање на посебни програми за образование на возрасни.

Рок за аплицирање до 31.08.2018 година.

 

За повеќе информации, на следниот ЛИНК.

 

Категории

Последни Новости