ЈАВЕН ПОВИК за претпријатија од приватниот сектор кои се подготвени да го поттикнат својот деловен развој преку создавање на нови работни места и зелени инвестиции со користење на неповратни финансиски средства – грантови

УНДП Јавен повик за финансиска поддршка на неповратни финасиски средства – грантови за мерката 8 „Поддршка за креирање нови работни места преку зелени инвестиции“ од Оперативниот план 2022
Овој јавен повик е наменет за претпријатија од приватниот сектор кои се подготвени да го поттикнат својот деловен развој преку создавање на нови работни места и зелени инвестиции со користење на неповратни финансиски средства – грантови
Финансиската поддршка за нови вработувања изнесува од минимум 205.000 денари до максимум 615.000 денари во зависност од бројот на одобрени вработувања:
– Минимум 1 вработување за минималниот износ на грант од 205.000 денари;
– Минимум 2 вработувања за износ на грант од 410.000 денари;
– Минимум 3 вработувања за износ на грант од 615.000 денари.
Поддршката се доделува во вид на грант – неповратни средства наменети за финансирање на нови деловни инвестиции насочени кон транзиција кон зелена економија при што ќе бидат поддржани следните видови на вложувања: набавка на нова опрема (машини, алати, опрема за обновливи извори на енергија, специјализиран софтвер, лиценци за користење на софтверот, и слични основни средства), и опрема и материјали за енергетска ефикасност.
Право на учество во програмата имаат претпријатијата од приватниот сектор кои во периодот од 01.01.2020 до објавување на огласот имаат најмалку 4 вработени лица. Заинтересираните работодавачи можат да аплицираат до 31-ви октомври 2022.
Повеќе информации за јавниот повик и услови за аплицирање можете да добиете на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости