Јавен конкурс за инструмент за поддршка по редовна постапка: Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации

 Фондот за иновации и технолошки развој објави: Јавен конкурс за инструмент: Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации.
Целта на овој инструмент е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.
Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари и тоа:
-за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 (педесет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект односно
за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 (педесет) до 250 (двестотини и педесет) и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот.
Рокот за аплицирање за јавниот конкурс за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновациите е до 17.11.2022 година, до 14.00 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости