Фонд за иновации и технолошки развој со нов јавен повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”
5.060.000 евра поддршка за микро, мали и средни компании
Целта на повикот е да се поддржат домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.
Фондот обезбедува финансиска поддршка:
-до 70 проценти од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 2,5 милиони денари микро претпријатија
до 70 проценти, но не повеќе од 5 милиони денари за мали претпријатија
-до 60 проценти, но не повеќе од 10 милиони денари за средни претпријатија.
Апликантот обезбедува сопствено кофинансирање од 30% за микро и мали претпријатија, односно до 40% за средни претпријатија од вкупниот буџет на проектот.
Повеќе информации за условите и критериумите за аплицирање на повикот, на следниот линк: https://fitr.mk/јавен-конкурс-за-кофинансирани-грант/

Категории

Последни Новости