Јавни повици во рамки на Програмата за развој на туризмот за 2023 година
Министерство за економија објави два јавни повици во рамки на Програмата за развој на туризмот за 2023 година:
1. Јавен повик за финансиска поддршка за женско преприемништво во туризмот
Предмет на јавниот повик е субвенционирање на туристички претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 100.000 денари, наменети за:
-набавка на опрема и алати
-уредување /подобрување на деловен простор
-одржување на обуки за вработени
Субвенционирани ќе бидат трошоци настанати во 2022 и 2023.
Повеќе информации на следниот ЛИНК.
.
.
.
2.Јавен повик за субвенции за туристички цели на селски домакинства во руралните средини
Право на учество имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност категоризирани согласно Правилникот за добивање на ознака во селски домаќинства во рурални средини.
Субвенционирањето е преку кофинансирање на 60% од трошоците, до 200.000 денари, за следните намени:
-уредување, опремување или реновирање на објект соглсно традицијата на крајот каде се наоѓа
-согласно правилникот потребно е во објектото да се послужуваат ладни и топли јадења и напитоци вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство
да нуди услуги за сместување (до 5 соби)
-надворешниот изглед на куќата да е зачуван и околината уредена
Повеќе информации на следниот ЛИНК.