Со дигитална трансформација до иновација

 

Преку поддршката за дигитална трансформација во рамките на овој предзвик, претпријатијата од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор како натпреварувачи ќе можат:
-да ги дигитализираат процесите и услугите со што ќе обезбедат подобро планирање, донесување на бизнис одлуки на основ на анализа на податоци и подобрување на целокупното работење;
-да го овозможат или забрзаат воведувањето на иновативни производи, услуги и процеси;
-да го оптимизираат производниот процес и со тоа да ја зголемат економијата на обем;
-да ги намалат трошоците за производство и со тоа да креираат поконкурентна цена;
-да го унапредат откупот на суровини и со тоа да влијаат на синџирот на добавувачи;
-да создадат услови и можности за креирање нови работни места.
Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 20/03/2023 година, до 14:00 часот.
Нова година и нови можности да ја зголемите иновативноста, конкурентноста и продуктивноста на вашата компанија!
 Јавниот повик “Со дигитална трансформација до иновација” е наменет за мали и средни претпријатија од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор, преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење.
Вкупен буџет на повикот 18.450.000 денари.
 До 70% финансирање од вкупниот буџет за проектот, за микро или мало претпријатие
 До 50% финансирање од вкупниот буџет за проектот, за средни претпријатија.
 Овој предизвик се реализира во соработка со Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарна вработливост – ИМЕ и ИНОФЕИТ ДИХ.
 Повеќе информации за предизвикот на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости