Јавен повик за кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништвото во Република Македонија

 

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година Министерството за економија објавува јавен повик за кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП како и проекти за промоција на претприемништвото во Република Македонија. Финансиската поддршка се однесува на следните видови на проекти:

-промоција  и обуки за алтернативни извори на финансирање на МСП (франшизинг, факторинг)
-промоција, обуки и форуми за претприемништво
-Б2Б
-вмрежување
-промотивни активности (организирање саеми и манифестации)

Согласно програмата, предвидени се средства во вкупен износ од 2.000.000 денари, максималниот износ за кофинансирање на трошоци по проект изнесува 200.000 денари.

Право на учество на јавниот повик имаат активни фондации и здруженија на граѓани, стопански коимори и организации на работодавачи.

Повеќе информации за начинот на аплицирање, прифатливи трошоци и потребни документи за пријавување, на следниот ЛИНК

Категории

Последни Новости