ЈАВЕН ПОВИК ЗА О2 ПРЕДИЗВИК 2 “СПРАВУВАЊЕ СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ“

 

Фондот за иновации и технолошки развој Ве повикува да учествувате на вториот „О2 ПРЕДИЗВИК 2“. Во реализацијата на предизвикот ќе се вклучат Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Град Скопје, Македонија 2025, Здружението Еко Свест како и други партнерски организации и експерти.

Натпреварувачите треба да понудат решение/ја со кои ќе придонесат кон намалување на емисиите на стакленички гасови или со кои се подобрува отпорноста кон климатските промени (мерки за адаптација кон климатските промени) во една од следниве области на национално или регионално ниво:
Eнергетика
Индустрија
Транспорт
Шумарство
Биолошка разновидност
Здравство
Водни ресурси
Земјоделство
Намалување на ризици од катастрофи

Повикот О2 предизвик II-Справување со климатските промени е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност, претпријатие и/или здружение од земјата или регионот на Западен Балкан (WB6) – Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.

Прифатливи активности за финансирање се:
Активности за истражување и развој
Активности за тестирање
Анализа на регулатива (со идентификување на потреба од измена/дополнување)
Дизајн
Развој на пилот линии
Услуги поврзани во интелектуална сопственост
Функционалност на решението на пазарот

Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 30.000,00 (триесет илјади) евра во денарска противвредност.
Преостанатиот износ од вкупниот буџет за проектот односно минимум 15% од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од натпреварувачот.

Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 20.07.2020 година, до 23:59 часот.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости