ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на претпријатија за воведување и сертифицирање на ХАЛАЛ систем

Ministerstvo za ekonomija na Republiika Makedonija

 

Министерството за економија во рамките на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година објави јавен повик за субвенционирање на претпријатија за воведување и сертифицирање  на ХАЛАЛ систем, преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци направени за оваа намена, но не повеќе од 200.000 за секој поединечен деловен субјект – барател на средствата.

Право на учество на јавниот повик имаат сите активни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:

-работење во траење од најмалку шест месеци пред објавување на јавниот повик
-имаат седиште на територијата на РМ
-намирени обврските кон државата и вработените

Повикот е отворен до 29.09.2017 година. Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Ознаки:

Категории

Последни Новости