Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

 

Фондот за иновации и технолошки развој на 29.05.2020 година објави Јавен повик за кофинасирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19. Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи за надминување на последиците од КОВИД-19.

Доколку претпријатијата погодени од КОВИД-19 воведат нови методи и технологии во своето работење и мерки за заштита на здравјето на вработените и клиентите, тие можат да одржат задоволително ниво на продуктивност, да генерираат приходи преку нови канали на продажба, да воведат нови производи или услуги кои ќе одговорат на промените во побарувачката.

Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 3.000.000,00 (три милиони) денари по апликант.

Повеќе информации на следниот ЛИНК.

Категории

Последни Новости