ИЗ Славеј

Индустриска зона Славеј се наоѓа во населено место Славеј – Општина Кривогаштани, на патот Прилеп – Крушево. Оддалеченоста од Кривогаштани изнесува 6,5 км, а од Прилеп 15 км. Индустриската зона има пристап до електрична енергија, вода, одвод и пречистителна станица, телекомуникациски врски, но нема линиска инфраструктура. Целосната површина со која располага зоната изнесува 6,622 ха, од кои 10% моментално се изградени. Оваа индустриска зона е 100% во приватна сопственост. Сите слободни локации за градба се продадени.

 

ИЗ Славеј

 

Вкупна површина:  66.220 м2 (6,622 ха)
Процент на изграденост: 10%
Сопственост: 100% приватна
Инфраструктура во зоната: Делумна линиска структура
Претпријатија кои работат во индустриската зона: Кривогаштани Промет – Компанија за преработка на зеленчук; ДООЕЛ Стефан – компанија за трговија со семенски материјали, заштитни средства и откуп на земјоделски производи.
Закуп/продажба: 100% продадени

Контакт: Сашо Цуцуловски – општина Кривогаштани
Телефон: 070/634-957
Email: [email protected]
Веб страна: www.krivogastani.com

 

 

Оддалеченост

 

Оддалеченост од Километри
Магистрален пат А3 22
Автопат Е – 75 73
Железничка станица Прилеп 10
Аеродром Скопје 190
Аеродром Охрид 110
Аеродром Солун (Р. Грција) 240
Прилеп 10
Битола 60
Крушево 25

 

Кривогаштани 1

Карактеристики на слободните парцели за градба

 

 

Број на градежна парцела

 

Површина на земјиште (м2)

 

Површина за градба во основа (м2)

 

Максимална висина на градба (метри)

 

Почетна цена на земјиштето (ден/м2)

Надомест за уредување на градежно земјиште (ден/м2)  

 

Намена

1 15.148,83 13.063,42 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
2 25 / П + 1 70 1.050 x 0.05 Е2
3 10.687,69 8.748,11 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
4 11.152,58 8.835,23 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
5 31.5965 2.106,60 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
6 3.645,50 1.967,50 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
7 25 / П + 1 70 1.050 x 0.05 Е2
8 1.530,06 459 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
9 1.498,93 459 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
10 1.501,79 440 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
11 1.497,48 440 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
12 1.456,15 365,5 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4
13 1.590,18 365,50 П + 1 70 1.050 x 0.05 Г2, Г3, Г4

 

Нови индустриски зони

  • Проширување на индустриска зона с. Славеј

Постоечката индустриска зона с. Славеј на која една компанија активно работи а друга  компанија е во фаза  на изградба на објекти за преработка на зеленчук, ќе биде проширена со нови 7 хектари, каде ќе бидат оформени парцели на кои ќе бидат изградени нови индустриски капацитети од лесна и незагадувачка индустрија кои ќе генерираат нови вработувања.

  • Изградба на индустриска зона с. Боротино

Новата индустриска зона с. Боротино ќе биде изградена на излезот од Боротино спрема Прилеп на м.в. Рудина. Оваа зона ќе опфати површина од 20 хектари на која ќе бидат изградени капацитети од лесна и незагадувачка индустрија како и капацитети за производство на електрична енергија од алтернативни извори.

 

  • Изградба на индустриска зона с. Славеј

Новата индустриска зона с. Славеј  ќе биде изградена покрај локалниот пат Славеј -Заполжани. Оваа зона ќе опфати површина од 5 хектари на која ќе бидат изградени капацитети од лесна и незагадувачка индустрија.

 

Категории

Последни Новости