Повик за вклучување во проект на УСАИД за микро и мали претпријатија
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, се спроведува од страна на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија. Проектот е наменет за менаџери и претприемачи кои управуваат компании до 50 вработени, а има за цел да им овозможат пристап до информации, знаења, експертизи и алатки за водење на компаниите, поддршка при извоз, анализи на компании и друго. Проектот вклучува:
- Настани за размена на искуства и пракси од областа на бизнисот преку учеството во проектот и во специјализираните менаџерски програми од областа на финансии, маркетинг, продажба и извоз.
- Настани за воспоставување контакти и вмрежување со други претприемачи од Македонија
- Лично советување од бизнис експерт за надминување на одредени предизвици во вашиот бизнис
- Годишни членство во Бизнис клубот на микро и мали претпријатија на ЦЕЕД Македонија и пристап до мрежа од над 200 преприемачи и менаџери од Македонија
- Проширување на бизнисот на регионални и странски пазари
- Интервенции за подобрување на процесите во компанијата
Сите заинтересирани кои ќе се пријават до 30-ти септември 2016 година, имаат можност да добијат кофинансирање од 60% од износот за учеството во проектот. Аплицирањето се врши електронски на следниот линк.
За дополнителни информации, обратете се на регионалните координатори кои ќе Ве известат за време и место за средба. Регионален координатор за Пелагониски регион е:
-Цанка Велкова моб.075 295 075 е-пошта: [email protected]